Спорт

Формула 1 – Големата награда на Јапонија Победа на Хамилтон на Сузука

Победа на Хамилтон на Сузука

Британскиот автомобилист Луси Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ направи голем исчекор кој освојувањето на титулата во Светското првенство во Формула 1, откако во неделата победи на трката за Големата награда на Јапонија која се возеше на патеката Сузука.

Неговиот најголем ривал во борба за титулата, Германецот Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“, брзо ја напушти патеката, во петтиот круг поради проблеми со свеќичките.

Британецот сега има 59 подови предност пред Германецот во генералниот пласман и веќе за две седмици може да дојде до титулата доколку победи на трката за Големата награда на САД којашто ќе се вози во Остин, а Фетел не биде подобро пласиран од шестото место.

Британецот трката ја започна од првата стартна позиција и на патеката Сузука зад себе ги остави возачите на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верстапен и Австралиецот Даниел Рикардо. Ова за Хамилтон беше 61 победа во кариерата и осма оваа сезона.

Тимот на „Мерцедес“ води и во генералниот редослед кај конструкторите со 540 бодови, пред „Ферари“ кој по големите проблеми и откажувања кои последните две трки ги имаа неговите пилоти со болидите заостанува со 395 бодови.