Спорт

Победа на Хамилтон во Белгија во неговата јубилејна 200-та трка во Формула 1

Победа на Хамилтон во Белгија во неговата јубилејна 200-та трка во Формула 1

Британскиот автомобилист Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ е победник на трката за Големата награда на Белгија, 12-та трка од светското првенство во Формула 1 којашто во неделата се возеше на патеката кај Соа Франкошамп.

За Луси Хамилтон ова беше јубилејна 200-та трка во кариерата, во коишто ја оствари петтата победа оваа сезона и 58-та вкупно во кариерата. Претходно во саботата ја освои 68-та „пол позиција“ во кариерата, со што го изедначи рекордот на легендарниот германски ас Михаел Шумахер.

Второто место со 2,3 секунди заостанување го освои Германецот Сеастијан Ферел од „Ферари“, додека трет беше Австралиецот Даниел Рикардо од тимот на „Ред Бул“ со 10.791 секунди заостанување.

Финецот Кими Рајконен го зазема четвртото место, а петти беше Валтери Ботас од „Мерцедес“, шести Нико Хулкенберг од „Рено“. Бодови уште освоија и Ромен Горсжан од „Ферари“, Фелипе Маса од „Вилијамс“, Естебан Окон од „Форс Индија“ и Карлос Сајнц Жуниор од „Торо Росо“.

Со оваа победа Хамилтон го намали водството на водечкиот Фетел на само седум бодови. Фетел е прв на табелата во генералниот пласман за пилоти со 220 бодови, Хамилтон е втор со 213 бодови, додека далеку со 179 бодови заостанува третиот Ботас.

Во генералниот пласман за конструкторите води „Мерцедес-АМГ“ со 392 бодови пред „Ферари“ со 348 и „Ред Бул“ со 199 бодови.

До крајот на сезоната останаа уште осум трки. Следната трка е закажана за 3-ти септември на легендарната патека Монца, каде што се вози за Големата награда на Италија.