Победа на Јунајтед, пораз на Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед победија на гостувањето кај Ватфорд со 4:2 во 14-то коло до англиската лига и ја продолжуваат потерата по водечкиот Манчестер Сити зад кој заостануваат пет бодови.

Изгледаше дека Јунајтед прашањето на победникот го реши во првиот дел кога Ешли Јанг погоди во 19 и 25 минута, а еднаш Ентони Мартиал во 32 минута. Меѓутоа, за Ватофорд во 7 7минута на,али Трио Динеј од пенал а во 84 минута Абдулеи Дукур ефектно го постигна вториот гол за домашните. Но на три минути пред крајот Џеси Лингард од соло продор ги осигури трите бода за „црвените ѓаволи“.

Лестер на домашен терен го совлада Тотенхем со 2:1 со одличните голови на Џејми Варди во 13 и Риад Махрез во втората минута од продолжувањето на првото полувреме. Во 79 минута гостите намалија преку Хари Кејн, но до крајот не можеа да ги избегнат поразот.

Вест Бромвич Албион и Њукасл одиграа 2:2. За домашните стрелци беа Робсон-Кану во 45 и Филд во 56 минута, додека гостите до бод дојдоа преку Кларк во 59 минута и автоголот на Ивенс во 83 минута. Бајтон и Кристал Палас одиграа 0:0.

На табелата води Манчестер Сити со 37 бодови пред Манчестер Јунајтед со 32 бодови. Следат Челзи со 26, Арсенал со 25 и Тотенхем со 24 бодови.