Победа на Ливерпул и пораз на Јунајетд

Во 27-то коло од англиското фудбалско првенство Ливерпул во неделата на гостувањето го победи Саутемптон со 2:0, а повторно најдобар кај победниците беше Мохамед Салах.

Ливерпул поведе во 6 минута, а стрелец беше Роберто Фирмињо по додавањето од Мохамед Сала, а најдобриот играч на „редсите“ во 42 минута погоди за конечните 2:0, а со асистенција му возврати токму Фирмињо. Салах, инаку, е најкорисен играч во Премиер лигата оваа година со 22 голови и 7 асистенции.

Њукасл Јунајтед, кој се бори за опстанок, во неделата со 1:0 го совлада Манчестер Јунајтед, а победничкиот гол го постигна Мет Рочи во 65 минута За Њукасл ова е прва победа на домашен терен уште од 21-ви октомври 2017 година, кога го победија Кристал Палас со 1:0.

Второпласираниот Манчестер Јунајтед заостанува 16 бодови зад градскиот ривал Манчестер Сити, кој незапирливо ита кон титулата. Њукасл сега е 13-ти со 28 бодови.

Важна победа во борбата за опстанок забележа и Хадерсфилд Таун, кој со 4:1 го совлада Борнмут. Стрелци за домашните беа Причард во 7, Муние во 27 и 66, и Ван Ла Пара од пенал во петтата минута од судиското продолжени, додека гостите успеаја само да израмнат во 14 минута преку Станислас.

Хадерсфилд сега е на 17-то место, едно над зоната за испаѓање во групата екипи со 27 бодови, еден повеќе од 18-от Саутемптон и два повеќе од 19-от Стоук Сити.

Колото во понеделник ќе го затворат Челзи и Вест Бромвич Албион.