Победа на МЗТ на гостувањето кај Игокеа

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по двата порази во серија, во понеделникто вечерта успеа уште еднаш да биде подобар на тешкото гостување кај Игокеа со 108:99 (27:20,36:37, 16:22 и 29:20), во четвртото коло од рагионалната АБА лига .

Домаќините, кои во претходните два натпревара забележа победа над Цедевит и Будуќност кои се вбројуваат меѓу фаворитите,го имаа почетното водство, но МЗТ Скопје брзо одговори со прецизна игра и скок во нападот па оствари солидно водство од седум поени (27:20) по првата четвртина. Исклучително ефикасна беше втората четвртина која домаќинот ја доби со 37:36, на одморот се замина со предноста за МЗТ од шест поени (63:57).

По полувремето кошаркарите на Игокеа целосно се вратија во натпреваротсе Во третиот период Игокеа се врати во натпреварот и предводени од американскиот довец во еден момент поведоа и со шест поени разлика (75:69), но тоа не траеше долго.

Во последните десет минути се влезе со без предност за некоја од екипите (79:79), и двете екипи се менуваа во водство. Игокеа имаше предност од 99:98 кога во последната минута МЗТ Скопје направи серија оо 9:0 и дојде до победа од 108:99.

МЗТ Скопје постигна 13 постигнати тројки и имаше 60-отстотна прецизност во ударите за два поена, а во скокот беше надмоќен со дури 22 скока повеќе во однос на противникот (46-24).

Дамјан Стојановски постигна 23 поени од кои само во првото полувреме реализираше 17 поени без ниту едно промашување од поле (7/7). Јордан Минчев го одигра најдобриот меч откако дојде во редовите на скопскиот тим со 19 поени, Бојан Трајковски и Брет Бејли реализираа по 17, а Јуре Лалиќ застана на 14 кошеви.

 Рајт од Игокеа беше најефикасен со 29 поени, и го продолжи високиот пораз во првите четири кола.