Победа на Реал со двата гола на Роналдо

Во 27-ти коло од шпанското фудбалско првенство актуелниот шампион Реал Мадрид на својот стадион го совлада Хетафе со 3:1 и им се приближи на двата водечки клуба кои во сабота го играат меѓусебниот дуел.

Два гола за Реал постигна Кристијано Роналдо, во 45 и 78 минута, а „кралевите“ во водство ги доведе Герет Бејл во 23 минута. Утешниот гол за гостите го постигна Портиљо во 65 минута од пенал.

Реал сега има 54 бодови, седум помалку од Атлетико Мадрид кој е втор, и 12 зад водечката Барселона. Хетафе, пак, е на десеттата позиција на првенствената табела со 36 бодови.

Гирона, екипа којашто е најпријатното изненадување сезонава во Ла Лига, на гости со 2:0 го совлада Виљареал, а стрелци беа Кристијано Стуани во 16 и Антонио Лозано во 80 минута. Гирона со оваа победа се искачи на седмото место со 40 бодови, намалувајќи ја на само бод предноста на шестиот Виљареал.

Со истиот резултата 2:0, со головите на Луис Мруиел во 27 и Франко Васкез во 32 минута, Севиља славеше на домашен терен над Алтетик Билбао. Севилја се зацврстува на петтата позиција со 45 бодови, четири повеќе од Виљареал а пет помалку од Реал Мадрид. Атлетик ја има една од послабите сезони последните години и е на 13-то место со 32 бодови.

Ерасо во 55 и Абрат во 62 минута му ги донесоа трите бода на Леганес за вкупно 33 бодови и 12-то место во дуелот против речиси веќе отпишаната Малага која останува закована на дното од табелата со само 13 бодови.

Фудбалерите на Еибар беа стрелци на два гола, Инуи во 11 и Дмитровиќ во 33 минута, но само за бод (1:1) на гостувањето кај Депортиво во Ла Коруња. Депортиво досега собра 19 бодови што му е доволно за претпоследното 19-то место, бод помалку од Лас Палмас и Леванте кој е на 17-то место кое гарантира опстанок во лигата. Еибар, пак, е осми со 39 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.