Победа на Севилја, бод за Валенсија во Билбао

Во дуелите од 26-то коло одиграни во средата Севилја славеше кај Малага со 1:0. Додека Атлетик Билба о Валенсија одиграа 1:1, откако во вторникот Еспањол го урна актуелниот шампион Реал Мадрид.

Севилја славеше на гости кај „фенерџијата“ Малага со голот на Жоакин Кореја уште во 15 минута. Со победата во ова андалузиско дери Севилја се зацврсти на шестото место со 42 бода, колку што има и четвртопласираниот Виљареал, додека Малага остана зацврстена на дното од табелата со само 13 бодови.

Валенсија имаше шанса со победа во Билбао да ги мине Реал на третото место, но зема само бод на гостувањето, Пведе Валенсија преку Гофреј Коногдобуја во 26 минута, а во 36 минута напаѓачот на Атлетик, Аритз Адуризја не реализираше пенал. Домаќините израмни со голот на Оскар де Маркос во 49 минута, што и беше конечен резултат на мечот.

Во третиот дуел во средата Хетафе со 3:0 дома го совлада Депортиво Ла Коруња, а стрелци беа Анхел во 40, Боведа во 44 минута постигна гол, а во 82 минута стрелец беше Молина.

Во вторникот во првиот меч од 26-то коло Еспањол на својот стадион „Конреља де Љобрегат“ во Барселона го совлада Реал Мадрид со гол во последните минути кој го постигна Жерад Морено, остварувајќи ја првата победа во меѓусебните дуели по повеќе од десет години.

Еспањол последен пат го совладал „Кралскиот клуб“ во октомври 2007 година, а потоа нанижа 22 натпревари без победа, а притоа 19 пати беше поразен.

За Еспањол ова е прва победа во последните осум кола, додека за Реал беше првиот пораз по четирите последователни првенствени победи.

На табелата води Барселона со 65 бодови, Атлетико Мадрид е втор со 59, а Реал е трет со 51 бод, а Валенсија има 50 бодови. На дното се Лас Палмас со 19, Депортиво со 18 и Малага со 13 бодови.