петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 64

Победа во финалето на Мастерсот и број 1 за 2016 за Енди Мареј

Британецот Енди Мареј успеа да триумфира во финалето на Мастерсот во Лондон и со тоа потврди дека во моментов е најдобар тенисер на светот.

мастерсот

Поврзани вести

Синоќа во финалето на престижниот турнир во главниот град на Англија, Мареј, за еден час и 42 минути игра беше подобар од најголемиот конкурент за врвот, Србинот Новак Ѓоковиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4.

Моменталниот биланс во 36-те меѓусебните дуели на двајцата најдобри светски тенисери се 25-11 за Ѓоковиќ.

Мареј кој за првпат триумфира на Мастерсот во Лондон, календарската година ја завршува како број 1. Тој со оваа победа освои 1.500 АТП поени и 2.391.000 долари.

Најчитани вести