Победата над Португалија посветена на Михаел Шумахер

Репрезентативецот на Германија, Лукас Подолски, убедливиот триумф во дуелот против селекцијата на Португалија, го посвети на седумкратниот светски шампион во Ф1, Михаел Шумахер, кој излезе од кома во која се наоѓаше од 29. декември.

„Шумахер ми е голем пријател и сите бевме пресреќни откако ја слушнавме информацијата дека повеќе не е во кома. Слушнавме дека е се подобро, дека повеќе не е во болница. Мислам дека таквата вест делуваше експтра мотивирачки пред дуелот против Португалија. Слушнав одлична вест за мојот големпријател. Оваа победа му ја посветуваме на Михаел Шумахер, а истото ќе го направиме и ако Германија на крајот од првенството се закити со светската титула. Шуми ми е голем пријател, прекрасна лучност и е луд по фудбалската игра. Можно е да го гледал овој натпревар, можно е да го знае и конечниот резултат”, изјави фудбалерот на Арсенал.