Победете ја љубомората во пет чекори

Љубомората не е привлечна, но мораме да прифатиме дека сите ние повеќе или помалку сме љубоморни.

Таа исто така не е ни знак на љубов па, според тоа ако сте љубоморни мора да научите како да се изборите против неа.

Доколку сте во врска со љубоморна личност мора да знаете како да се однесувате за вашата врска да не се претвори во лошо и претерано заштитничко однесување.

Суџери Гонзалес, познат љубовен терапевт, советува како кај себе и партнерот да го сопрете „љубоморното чудовиште“ пред да биде предоцна.

1. Избројте до 10

Доколку сте љубоморни и се најдете во ситуација во која лесно можете да ја изгубите својата смиреност, вдишете и издишете и бројте до 10. Тоа е облик на медитација со која можеме да го намалиме стресот и потполно да се смириме.

2. Разговарајте за своите чувства

Чувството на љубомора треба да се изразува за да не премине во излив на бес. Без разлика дали се работи за вас или вашиот партнер, разговарајте за причините кои ја предизвикале љубомората.

Можеби постои нешто што некој од вас го чувствува, а не е ни свесен за тоа. Ако е така, разговарајте за тоа и направете компромис. Но, започнете со разговорот откако претходно ќе изброите до десет.

3. Победете ја несигурноста

Љубомората произлегува од несигурноста. Запрашајте се зошто се чувствувате загрозено. Зошто партнерот се чувствува загрозено ако е љубоморен? Чувствувате ли дека не сте доволно вредни за нечија љубов? Се споредувате ли со други жени или мажи?

Побарајте одговор на прашањето зошто чувствувате несигурност, а тоа би требало да го направи и вашиот партнер доколку тој е склон кон љубомора.

4. Обидете се да ја видите ситуацијата од другата перспектива

Кога сме љубоморни, склони сме кон носење избрзани заклучоци. Понекогаш дури и ги преувеличуваме нештата.

Многупати чувството на љубомора може да настане поради несигурност и недостаток на доверба заради некои мали лаги во минатото. Колку пати сте полуделе доколку партнерот не ви се јавува кога го барате или пак го исклучил мобилниот? Што ќе помислите? Веројатно во глава веќе го замислувате најлошото сценарио.

Но, наместо веднаш да помислите дека ве изневерува, можеби треба да размислите. Можеби не е во можност да се јави бидејќи работи…

5. Може ли да поднесете континуирано насилство?

Љубомората лесно може да се претвори во постојано контролирање. Довербата како да исчезнала во еден потег, исто како и вашата лична слобода. Љубомората и контролирањето, исто така, лесно можат да преминат во физичко насилство.