Победете ја забоболката со каранфилче

Еугенолот, кој се употребува во стоматологијата како анелгетик и ги спречува инфекциите, го има во каранфилот и смирувачки делува на забоболката.

Вареното вино без каранфилче речиси и не може да се замисли. Можеби токму затоа љубителите на споменатиот топол напиток ретко се жалат на забоболка. Ова не е мит, туку вистина, бидејќи каранфилчето содржи еугенол, кој се употребува во стоматологијата како анелгетик и ги спречува инфекциите. Токму затоа во народната медицина каранфилчето се смета за билка која ефикасно ја отстранува забоболката.

Со маслото од каранфилче масирајте ја вилицата, а по десет до петнаесет минути болката ќе престане. На болното место е доволно да се стави парче памук натопена во масло од каранфилче и така да се држи неколку секунди. Забоболката ќе исчезне за многу краток период. Болното место прво ќе почне да трне, а потоа болката ќе ја снема.

Најквалитетните својства на каранфилчето се наоѓаат во етеричното масло. Исто така се препорачува употреба на целото каранфилче, бидејќи така најдобро се задржува комплетната арома. Каранфилчето го јакне имунитетот, го забрзува метаболизмот…

Поради своите благотворни дејства, маслото од каранфилче денес се користи и како додаток во течностите за испирање на устата, бидејќи делува против воспаленија и има антибактериско својство.

Најдобар рецепт за чај од каранфилче

Во 2 децилитри вода ставете најмногу 4 каранфилчиња, поклопете и оставете да отстои 15 минути. Процедете и додадете малку цимет.