Победи на „Кливленд“ и „Бостон“ за зголемување на водството

Кошаркарите на „Кливленд“ и на „Бостон“ остварија победи во ноќешните натпревари и поведоа со 2:0 во полуфиналните серии од доигрувањето во Источната конференција против „Торонто“ и „Филаделфија“.

„Кавалирси“ направија уште еден брејк во Торонто, тимот кој имаше најдобар скор во оваа конференција(59-23),предводени од Леброн Џејмс за убедлив триумф од 128:110. .
Кошаркарите на вицепрвакот во НБА лигата Кливленд ја постигнаа и втората победа на теренот на Торонто откако ноќеска славеа триумф со 128:110 и сега имаат водство од 2-0 во полуфиналето на Исток против тимот
„Репториси“ во најголем дел од првите два периоди имаа водство, не поголемо од девет поени, но на полувреме имаше само минимална предност од 63:61.

Но гостите во третата четвртина направија 37:24, па до крајот ја зголемуваа предноста и од 23 поени (121:98). „Кралот ја заврши средбата со 42 поени, 14 асистенции и 8 скокови, а одличен беше и Кевин Лов со 31 поен и 11 скокови. Во редовите на „Репторс“ Торонто ДеРозан беше најефикасен со 24 поени.

„Бостон“ на свој терен ја совлада „Филаделфија“ со 108:103, а дури шест играчи на победничкиот тим запишаа двоцифрен број на поени. Гостите имаа водство во целото прво полувреме, а најголема предност од 22 поена (26:48) имаа во вториот период. „Селтикси“ првпат го изедначија резултатот во третиот период на 58:58, по што во последната четвртина двете екипи се менуваа во водство, но домачините беа посмирени и остварија тесна победа.
Најдобар кај „Бостон“ беше Џејсон Тејтум со 21 поен, а Ал Хорфорд додаде 13 коша, 12 асистенции и 5 скока, додека кај „Сиксерси“ се истакнаа Џоел Ембид со 20 коша, 14 скока и 5 асистенции и Џеј Џеј Редик со 23 поени.