Спорт

Победи на ПСЖ и Монако

Победи на ПСЖ и Монако

Бразилците Лукас Моура и Маркињос му донесоа победа на ПСЖ, кој барем еден ден ќе биде на второто место на табелата.

Парижаните, кои се уште немаат пораз, но играат под очекувањата, конечно забележаа победа на гостински терен.

Пари Сен Жермен поведе по само 18 минути игра, а стрелец на голот беше Лукас Моура. Конечните 2:0 ги постави неговиот сонародник Маркињос по десетина минути игра во вториот дел.

Проблем за тренерот на ПСЖ Лоран Блан е Езекил Лавеци кој се повреди на овој натпревар.

Екипата на Монако исто така како гостин забележа победа. Тие беа подобри од Монпеље со 1:0, благодарејќи на голот на Жармен во 90-тата минута.