Спорт

Шпанско фудбалско првенство Победи на Реал и Атлетико

Победи на Реал и Атлетико

Мадридските клубови Реал и Атлетико забележаа гостинска односно домашна победа во 32-то коло од шпанското фудбалско првенство, со што ја продолжија мртвата трка за второто место зад супериорната Барселона.

Реал одигра лесен натпревар кај Малага и поведе со 2:0 со головите на Иско во 29 минута и Каземиро во 63 минута, додека домашните го ублажија поразот во третата минута од судиското продолжение со погодокот на Диего Ролан.

Реал сега има 67 бодови, четири помалку од второпласираниот Атлетико и дури петнаесет зад Барселона. Малага со 17 бодови е одамна отпишана од Ла Лига.

Атлетико поведе против Леванте во 33 минута преку Ангел Кореа, зголеми во 48 минута Антоан Гризман а конечните 3:0 ги постави во 77 минута Фернандо Торес. Атлетико собра 71 бод и заостанува 11 бодови зад Барса, а Леванте е 17-ти, последното место кое обезбедува опстанок во лигата со 31 бод, односно пет повеќе од 18-то Депортиво.

Алавес со голон на Џон Гвидети уште во петтата минута славеше над Еибар и направи голем чекор во борбата за опстанок. Алавес сега е 15-ти со 38 бодови, а Еибар има два бодат повеќе и е на 12-то место.

Минимална победа, а голот го постигна Суарез во 53 минута Хетафе славеше дома против Еспањол. Домашните сега се на 10-то место на табелата со 42 бодови, а гостите од Барселона се 16-ти со 36 бодови, десет повеќе од позицијата кога води во Сегунда.