Победи на Вардар и Металург во СЕХА

Македонските претставници во регионалната СЕХА лига, Металург и Вардар забележаа очекувани победи против Војводина и Раднички.

На средбата одиграна во Нови Сад, а во рамките од 5.коло, ракометарите на Металург славеа триумф со 25:22.

До третата победа во петтиот натпревар од СЕХА лигата, Металург го предводеше Лика Циндриќ кој постигна 7 голови.

Ракометарите на Вардар пред своите симпатизери во СЦ „Јане Сандански’’ во дуел од 6.коло ја совладаа екипата на Раднички Скопје 39:33.

Стефан Терзиќ со 7 погодоци беше најефикасен во редовите на “црвено-црните”, за кои Филип Лазаров и Матијаж Брумен постигнаа по 6 гола. За Вардар ова беше шести триумф во седмиот одигран натпревар во СЕХА конкуренцијата.

Веќе во петок Вардар ќе игра против Татран Прешов, а ден подоцна (сабота) Металург на домашен терен ја пречекува екипата на Борац во дуел од 7-то коло.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.