Победи на Виљареал и Атлетик

Фудбалерите на Виљареал и Атлетик забележаа победи во последните неделни средби од 28-то коло на шпанското првенство.

Виљареал со 2:0 славеше на гостувањето кај Лас Паламас, па екипата од Канарите е сѐ поблиску до испаѓањето од Примера. Бака во 67 и Сансоне во третата минута од судиското продолжение од пенал ја одведоа „Жолтата подморница“ на шестото место на табелата, со бод повеќе од Гирона, додека петопласираната Севилја има бод повеќе.

Лас Палмас, пак, е во зоната на испаѓање, на 18-то место со 20 бодови, четири помалку од местото коешто во моментов гарантира останување во Ла Лига.

Атлетик во Билбао го победи Леганес со 2:0, и дојде на 12-то место, а Раул Гарсија во 10 и 17 минута беше двоен стрелец за Баскијците. Леганес остана на 15-то место со 33 бодови.