Победи за фаворитите во германскиот фудбалски куп

минхен

Баерн во Минхен го совлада Волфсбург минимално со 1:0 со погодокот на Даглас Коста во 17.минута.

Гостинска победа со 2:0 оствари Борусија Менхенгладбах против Фурт, а со истиот резултат Хамбургер пред своите навивачи беше подобар од Келн.

Најнеизвесно беше на средбата во Валдорф каде истоимениот домашен тим загуби од Арминија Билифилд на пенали со 5:4. По основните 90 минути резултатот беше 1:1, така остана и по 30-минутното продолжение.

Другите осминафинални двојки се:

Борусија Дортмунд – Херта,
Лоте – Минхен 1860,
Сандхаусен – Шалке и
Хановер – Ајнтрахт Франкфурт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.