Спорт

Победничко деби на Гигс, фудбалска војна на Енфилд

Победничко деби на Гигс, фудбалска војна на Енфилд

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се погрижија нивниот тимски колега, Рајан Гигс да има успешно деби во менаџерската фотеља на “Олд Трафорд”.

Првенствената пресметка против гостинскиот тим на Норвич заврши со убедлив триумф на “црвените ѓаволи” од 4:0, а по два погодока постигнаа Вејн Руни и Хуан Мата.

Непријатен пораз на гостувањето во Саутемптон доживеаа фудбалерите на Евертон и на тој начин осетно ги намалија шансите за освојување на четвратат позиција на првенствената табела која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Прво ефектен автогол постигна Антолин Алкарас, а по грешка, сопствената мрежа ја погоди и ирскиот интернационалец, Шејмус Колман.

Денеска е на програма можеи најважниот натпревар во актуелната сезона, дуелот помеѓу директните ривали за шампионската титула, Ливерпул и Челзи.

Со евентуалниот триумф, Ливерпул ќе биде на пола чекор од шампионското славје додека Челзи само со победа ќе остане во игра за шампионската титула.

Резултати: Саутемптон – Евертон 2:0, Фулам – Хал 2:2, Свонси – Астон Вила 4:1, ВБА – Вест Хем 1:0, Стоук – Тотенхем 0:1.
Денеска на програмата: Сандерленд – Кардиф, Ливерпул – Челзи, Кристал Палас – Манчестер Сити.