Побегнал од венчавката кога требало да каже „да“

Бизарен случај се случил минатата сабота во Сански Мост кога младоженец побегнал од венчавката во моментот кога требало да го каже судбоносното „да“.

Според свдоците на овој настан, текот на венчавката бил вообичаен се до моментот кога младоженецот, на изненадување на присутните, едноставно побегнал од салата за венчавање.

– Настана општ хаос. Невестата остана расплакана, а по младожнецот истрча и неговиот татко, пцуејќи го и обидувајќи се да го врати пред матичарот, раскажува еден од сватовите.

Ова е прв настан од ваков вид во Сански Мост во период од неколку децении.

Родителите на младоженецот се обиделе на сила да го оженат со девојка која не ја сакал.

– Тој веќе долго време е во врска со друга девојка, а татко му и мајко му постојано го убедуваа да пронајде девојка од странство и да се ожени за документи. Сето ова за подоцна да може да замин од БиХ, вели еден од блиските пријатели на младоженецот.

– Според неговата приказна, тој против своја волја се согласил  родителите да му најдат таква девоја, која инаку живее во Шведска, но во последен момент се предомислил и се откажал од таквото сценарио.

Инаку Сански Мост е во однос на бројот на жители, еден од градовите рекордери во БиХ според бројот на склопени бракови во летниот период.