Поборниците за единствена Шпанија излегоа на улиците на Барселона

Стотици илјади заговорници на единственото на Шпанија се собраа на улиците на каталонската престолнина Барселона во неделата поздравувајќи го воведувањето суспендирањето на автономијата и воведувањето директно управување со покраината од страна на Мадрид, откако североисточниот регион прогласи независност, пренесуваат агенциите.

Собирот го организираше активистичката организација Каталонско цивилно општество и му се приклучија функционери од три парти кои минатата седмица го одобрија во парламентот преземањето на управувањето со Каталонија, Народната парти од десниот центар, Социјалистичката партија и центристичката Граѓани.

„Со нас не може да сметаат во разбивањето на Шпанија“, изјави Микел Исета, пратеник од социјалистите PSOE во каталонскиот парламент.

Неговата партија во петокот ја напушти салата за пленарни седници на парламентот на Каталонија протестирајќи кога 70 од 135 пратеници ја изгласаа суверена Република Каталонија.

„Да живее Шпанија“, „Јас сум Шпанец, Шпанец…!“ одекнувало низ главниот каталонски град каде биле развиени стотици шпански знамиња. Организаторите тврдат дека на улиците излегле 1,1 милион лица, но барселонската градска полиција проценува дека имало 300.000 луѓе.

Анкетата објавена во неделата во шпанскиот дневен весник El Mundo, кој е против независноста на Каталонија, покажува дека партиите кои во петокот прогласија независност на Каталонија би можеле да го загубат парламентарното мнозинство на изборите за два месеца.

Во саботата на сила стапија мерките на шпанската влада која првпат го употреби уставниот член 155 и го отстрани каталонскиот претседател Карлес Пучдемон, потпретседателот на владата Ориол Жункерас и нивните министри, како и директорот и началникот на каталонската автономна полиција. Предвремените избори ги свика за 21-ви декември.

Меѓутоа, Пучдемон во саботата порача дека поборниците на независноста и неговиот кабинет продолжуваат по зацртаниот пат ветен на избирачите на изборите во 2015 година во воспоставувањето на независна република и ги отфрли мерки кои ги донесе Мадрид.