Почекајте да пројде денешниот ден: Еве што носи затемнувањето на Месечината

Овенот, лавот, водолијата и вагата би можеле да донесат брзи одлуки за да направат некаков напредок на работното место и во љубовта.

Со првиот квартал во близнаци, на 15-ти март, секојдневието веќе почна да се забрзува. Ни се чини дека немаме ниту најмала контрола над развојот на настаните па можеме само да се препуштиме на ситуацијата. Мораме да бидеме снаодливи и да не земаме се на срце.

Близнаците и девиците ќе бидат возбудени поради новите можности за учење и личниот развој, а стрелецот и рибите се помалку изгубени и потребен им е одмор.

Овенот, лавот, водолијата и вагата мора да носат брзи одлуки за да направат некаков напредок на работното место и во љубовта. Дури и погрешната одлука е подобра од неодлучноста. Се двоумиме затоа што нашата глава ни говори едно, а срцето посакува нешто друго. Сакаме да им угодиме на другите, но не смееме да ги жртвуваме сопствените потреби.

Оваа недоумица најмногу ќе ги вознемири припадниците на хороскопските знаци Овен, вага, рак и јарец, посебно во одлуките за работата и семејството. Близнаците, водолијата, лавот и стрелецот ќе попуштат пред желбите на другите, а пофалбите и љубовта што ќе ја добијат ќе ги направат горди.

Девиците и рибите премеруваат каде да ги насочат парите, кои вредности им се најважни, додека бикот и скорпијата не се двоумат – здравјето и работата врз себе им даваат внатрешна рамнотежа.

Од друга страна, вториот квартал во јарец на 31ви март носи одмор, во овој период смирено и концентрирано ќе се занимаваме со практичната страна на животот. Во добрата подготовка и планирање лежи половина од успехот, а упорноста и трпеливоста ќе бидат наградени. Јарците, раковите, вагите и овните сега се сигурни – работата во моментов добива предност.

Бикот, девицата, скорпијата и рибите успешно ќе ги решат административните препреки што подолго време ве ограничувале на работното место, во учењето или во општествените работи. Со младата Месечина во овен на 7-ми април, клучните зборови се: храброст, самостојност и нови почетоци.

Длабоко вдишете и зачекорете во непознатото! Заземете се за себе си и за се што ви е важно.

Овенот, водолијата и лавот сакаат да бидат покреативни, сакаат да учат и истражуваат нешто што им е важно и драгоцено, што е само за нивната душа.

Скорпијата, ракот и рибите ќе заблескаат на работното место со оригинални идеи и ќе придвижат нови нов прилив на пари. Стрелците, вагите и близнаците тргнуваат во нови предизвици на емотивен план. Покажете ги вашите емоции, борете се за љубовта! Биковите, девиците и јарците низ фантазијата и соништата ќе запалат искра на нова креативност и ќе ја обноват животната енергија.