Крими хроника

Почина 9-годишната Ема од Лисиче

Почина 9-годишната Ема од Лисиче

Деветгодишната Ема Радеска која во петокот беше прегазена од автомобил додека се враќаше од училиште во населбата Лисиче, им подлегна на повредите.

Според информациите на Дневник, малото девојче беше прегазено околу 13 часот во петокот, на раскрсницата од булеварот 12. Македонска Бригада и Сотир Томовски. Ема се враќала од училиште кога за жал, на неа налетал 52-годишниот М.С. со своето Пежо.

Девојчето на повредите им подлегнало во 17.20 часот неделата.