Почина актерката Џоан Риверс

Познатат актерка и комичарка Џоан Риверс почина во 81 година од животот. Таа падна во кома поради компликации од операцијата на гласните жици, а лекарите ја одржуваа во живот со помош на апарати.
Риверс  беше ставена на апарати  од минатиот четврток на приватна клиника во Њујорк.
На само 12 часа пред да падне во кома, Риверс се шегуваше на својата долговечност и кажа дека ништо не може да ја уништи.Таа рече дека планира да замине на 100 години и дека тоа ќе се случи пред публика.