Почина актерката Сара Голдберг

Актерката Сара Голдберг, која глумеше во ТВ серијата „Судијката Еми“ и „ на Седмо небо“ почина на возраст од 40 години.

Четириесетгодишната актерка од Чикаго починала во сон од природна смрт. Се претпоставува дека причина е болест на срцето, но за официјална потврда се чекаат резултатите од одбукцијата.

Голдберг, позната и како Сара Даниел Медисон, ја глумеше Сара Глес Камден, сопруга на Мет Камден, најстариот син во серијата „На седмо небо“, во периодот од 2002 до 2006 година. Освен тоа, ја глумеше др. Хетер Лебон во „Судијката Еми“ од 2002  до 2004 година.

Бери Ватсон, актерот кој го глумеше Мет Камден, се прости од неа преку Твитер овој вторник.

– Почивај во мир Сара. Секогаш ќе ми недостасуваш. Те сакам.