Почина актерката Сузан Максут

По кратко боледување, на 76 годишна возраст, почина актерката Сузан Максут, доаенот на Турскиот театар.

Од 1962 година е член на ансаблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што има одиграно голем број на улоги сè до пензионирањето во 2001 година.

Актерката ќе биде запаметена по многу успешно одиграни улоги.

Попознати актерски остварувања: Дездемона во ОТЕЛО, Мерима во ОМЕР И МЕРИМА, Катрин Хауп бо МАЈКА ХРАБРОСТ, Ширин во Легенда За Љубовта,Mедеа во МЕДЕА. Ајше во ЦВЕЌАРОТ АЛИ, Виолета во УБАВИНАТА ЧЕКОРИ САМА, Хајди во ХАЈДИ, Зејнеп во АЛИШ, Клер во Слугинки, Фјокла Ивановна во ЖЕНИДБА, Шарлота во ДОН ЖУАН

Добитник е на наградите: Награда Актер на годината на весникот „Бирлик“ (1969) и Награда на Град Скопје 13 Ноември (1974).

Учествува во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти. Играла во филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Исправи се, Делфина“ (1977), „Време, води“ (1980) и „Македонска сага (1993).

Погребот биде во 16 часот на гробиштата Бутел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.