Почина актерот Душан Почек

Познатиот српски актер Душан Почек починал на 18-ти март во Белград во 82-тата година од животот.

Една од улогите по која публиката го памети е Јездимир Ускоковиќ во популарната серија „Подобар живот“ (Бољи живот).

Но и по оние улоги кои ги играл во сериите и филмовите „Пат околу светот“, „Боксерите одат во рајот“, „Љубов на селски начин“, „Врел ветер“, „Камионџии“.

Веднаш по завршување на Академијата дојде во Белградскиот драмски театар, каде што бил до самото пензионирање.

На Интернет може да се најде констатацијата дека Почек бил „сајбер пензионер“ бидејќи бил активен кога станува збор за новите технологии и Интернет сферата.