Магазин

Почина актерот Кан Бонфилс

Почина актерот Кан Бонфилс

Младиот актер Кан Бонфилс, кој се прослави со филмовите „Скајфол“ и „Војна на ѕвездите“, почина за време на пробата за една театарска претстава.

Бонфилс (42) вежбал за неговата улога во претставата „Пеколот“ од Данте, која деновиве требаше да почен да се прикажува во театар во источен Лондон, кога наеднаш му се слошило. Била повикана бразта помош, но лекарите не успеале да го спасат.

– Кан се сруши за време на пробата и режисерот веднаш се обиде да го оживее, изјави портпаролот на театарот Крис Хислоп.

Причината за смртта на Бонфилс засега е непозната.

Покрај во „Скајфол“ и „Војна на ѕвездите: Епизода Прва“, Бонфилс глумеше и во „Лара Крофт: Ограбувачи на гробници“ и „Бетмен Почнува“.