Почина актерот Васил Шишков, не издржало неговото срце

Актерот Васил Шишков (44) ненадејно починал вчеравечер. Шишков на македонската театарска сцена работи од 1991 година, а има настапувано и во повеќе македонски филмови. Веста за неговата смрт се рашири преку социјалните мрежи.

Првичните неофицијални информации говорат дека Васил Шишков најверојатно починал од срцев удар. Срцето на легендарниот македонски актер не издржало.

Шишков (44) беше син на познатиот македонски актер и легенда Ристо Шишков.

Тој одигра дузина улоги во серијалот Македонски народни приказни, и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.