Спорт

Почина Алфредо ди Стефано

Почина Алфредо ди Стефано

Денеска, во 88. година од животот, почина легендарниот аргентински интернационалец Алфредо Ди Стефано, еден од најголемите фудбалери кои некогаш имале контакт со фудбалската бубамара.

Легендарниот фудбалер на шпанскиот гигант Реал (М) е споредуван со Пеле, Диего Марадона, Јохан Кројф, Еузебио, а поради своите заслуги беше избран за почесен претседател на “кралскиот клуб”.

Како фудбалер на Реал (М) има постигнато 216 погодоци на 282 натпревари. Во дресот на Реал Мадрид, за 11 години освои пет европски титули, беше стрелец во пет последователни европски финалиња, освои осум шампионски трофеи во Шпанија, еден Интерконтинентален куп, еден Куп на Шпанија и два Купа на Латинска Америка.

Ди Стефано почина во болницата „Грегорио Маранон“ во Мадрид, откако во саботата доживеа срцев удар.