Магазин

Почина Алиша Рет, глумицата од „Однесено со виорот“

Почина Алиша Рет, глумицата од „Однесено со виорот“

Најстарата преживеана члeнка на актерската екипа на филмот „Однесено со виорот“ Алиша Рет, почина во Јужа Каролина, на 98-годишна возраст.

Во познатиот филм со Вивијен Ли и Кларк Гебл, таа го играше ликот на Индија Виклс.

Портпаролот на домот за стари лица во Чарлстон, каде таа живееше од 2002 година, соопшти дека глумицата починала вчера попладне.

Алиша Рет е родена на 1 февруари 1915 година во Савана, а била и добар портретист и ги скицирала своите колеги на сетот.