Почина бардот на југословенската глума, Бора Тодоровиќ

Бардот на актерството на некогашната СФР Југославија, српскиот глумец Бира Тодоровиќ, починал утринава во Клиничкиот центар во Белград, по неколку дена минати во болнички кревет, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Нетпрес.

Тодоровиќ (84), пред неколку денови имал мозочен удар и паднал во кома.

„Глумецот неодамна го имаше операција на слепото црево, но во текот на опоравувањето му се слоши, по што беше констатирано дека има мозочен удар. Пред операцијата, Тодоровиќ не се жалеше, ниту пак непто укажуваше дека им асериозни здравствени проблеми“, соопштиле од болницата.

Бора Тодоровиќ е роден во учителско семејство во Белград, на 5 ноември 1930 година. Студиите по машинство ги заменил со глума и студирал во класата со Љуба Тадиќ, со Слободан Цица Перовиќ и со Марко Тодоровиќ, кај професорот Јозе Лауренчиќ. Негова сестра е славната глумица Мира Ступица, а татко е на актерите Срѓан Тодоровиќi и Дана Тодоровиќ.

Неговиот прв театарски ангажман бил во Белградскиот драмски театар, но со својата сестра Мира Ступица и нејзиниот сопруг Бојан Ступица, набргу заминале во Загреб и четири години таму работеле на сцената на Хрватското народно казалиште (1957-1961). По враќањето во Белград играл во Атељето 212 се’ до 1983 година, во голем број претстави. 

Тодоровиќ оствари голем број на значајни улоги како на филм, така и во серии, препознатлив по својот сериозен израз на лицето, дури и кога играше во комедии.

Многу реплики од ликовите кои ги толкуваше и денеска се препознатливи и се цитираат. Играше многу различни улоги, од пионер на новата уметност во филмот и заговорник на новите слободи во „Маратонците го трчаат последниот круг“, комичен крадец и измамник кои ги преживува воените години во „Балкан Експрес“, до водач на ромска мафија во „Дом за бесење“ и ненадминатиот лик на Лука Лабан во „Професионалец“.

Бора Тодоровиќ е добитник на бројни награди и признанија како во поранешна СФРЈ, така и во Србија, а најзначајна е Гран При наградата на филмскиот фестивал во Кан за улогата во филмот „Професионалец“.