Почина бебенцето кое беше претепано од својот татко

Почина бебенцето кое вчера било донесено на Ургентниот центар во Белград со тешки повреди, модринки и внатрешно крварење откако било претепано од својот татко.

За жал и покрај напорите на лекарите, бебенцето починало поради тешките повреди и нагмечувања на внатрешните органи.

Таткото во полиција го признал делото и изјавил дека не знаел што прави. Според неговите зборови, му паднал мрак на очи и се изгубил.