Почина Боб Кис, саксофонистот на Ролинг Стоунс

Вчера, 2 декември, почина долгогодишниот саксофонист на групата Ролинг Стоунс, Боби Кис, од цироза на црниот дроб.

Кис Стоунси ги запозна во 1964 година, а на бендот како студиски и придружен музичар му се придружи пет години подоцна.

Освен на нивните албуми неговиот саксофон може да се чуе и на албумите на Барбара Стрејсенд, Ринго Стар, Џорџ Харисон, Ерик Клептон, Ворен Зевон, БиБи Кинг и други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.