Почина црногорската пејачка Тања Јабучанин

Црногорската пејачка, Тања Јабучанин почина денска на возраст од 50 години, по долго и тешко боледување. Нејзиниот погреб ќе биде утре, на градските гробишта во Цетиње во 15 часот.

Тања Јабучанин е родена на 13 октомври 1964 година, а својата долга кариера ја започна во текот на деведесетите години.

Најголемо внимание од јавноста привлече со својот настап на Поп фестот во 1992 година, кога ја испеа песната „Старо вино“. Оттогаш нејзината кариера тргна по нагорна линија, а зад себе остави богат опус.