Почина девојката што денеска беше застрелана во Тетово

Дваесетгодишната Р.Д. од тетовско Јажинце која се здоби со две влезни рани во пределот на плешката откако врз неа со огнено оружје, најверојатно пиштол, пукал нејзиниот љубовник С.Х. (26) од Џепчиште, им подлегна на повредите.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, инцидентот се случил нешто пред 16 часот на паркингот пред маркетот Веро во Тетово, а С.Х. бил фатен во Скопје каде што се обидел да изврши самоубиство. Неофицијално кај него нашле проштално писмо.
Повредената девојка била префрлена во Клинчката болница во Тетово од каде веднаш била препратена на скопските клиники, каде по неколку часа им подлегна на повредите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.