Почина доктор Евица Бојаџиева

Докторката која спаси многу животи, ја загуби битката со најтешката болест. Рано утрово почина д-р Евица Бојаџиева за која јавноста се крена на нозе по хуманитарниот повик, објави Курир.

Како што дознава порталот, Бојаџиева почина утрово во 6:30 часот во својот дом.  Третманот на нејзината болест траеше до 20-ти јануари. Таа се лекуваше во Кина. Најпрво добивме позитивни вести дека третманот е успешен, но најкобната болест стана безмилосна.

По третманот, се јавија метастази кои ги зафатија повеќето органи. Бојаџиева почина откако целосно и откажа црниот дроб. Погребот ќе биде утре во Штип.

Таа боледуваше од еден од најретките и најагресивни карциноми на црниот дроб Cholangiocarcinoma. Сите напори за евентуален оперативен третман во специјализираните центри во Словенија, Германија и Италија беа неуспешни поради инвазивноста на болеста.