Македонија

Почина еден од најголемите македонски музичари

Почина еден од најголемите македонски музичари

На 59 години почина македонската музичка легенда, кантавторот Драган Каранфиловски Бојс.

Дараган Каранфиловски – Бојс ја започнал музичката кариера во 1973 година, формирајќи ја музичката група “Македонија”. Најголемите успеси како автор ги постигнал како член на култната битолска група “Мадригали”, подоцна преименувана во “Трн во око”. Со овие две групи, тој ги снимил своите најпознати рок песни, а на гитаријадата во Заечар, во 1977 година, со групата “Мадригали” ја освоил првата награда од публиката и првата награда од музичкото списание “Џубокс”

Подоцна, Драган Каранфиловски – Бојс започнал успешна кариера како кантавтор, пишувајќи поп песни и песни за деца. Од неговите песни, најпознати се: “Опасно сум вљубен во тебе”, “Валерија”, “Лулај ме нежно”, “Парижанка”, “Весела романтика”, “Афричко лето” итн.

bojs1

Исто така, тој е автор на бројни хитови кои ги пееле други пејачи, како што се: “Јануарска ноќ”, во изведба на Зафир Хаџиманов, “На минус 23”, испеана од Трајче Манев, “Искро моја” на Игор Џамбазов, “Заведи ме”, во изведба на неговата ќерка Верица каранфиловска итн. Тој е автор и на рефренот на песната “100% те љубам” на групата “XXL”, која во 2000 година ја претставувала Македонија на Евросонг. Најпосле, Драган Каранфиловски – Бојс има компонирано музика за неколку тв-серии.

Како признание на неговото долгогодишно творештво, во 2014 година, Драган Каранфиловски – Бојс ја добил наградата на манифестацијата “Златна бубамара” за животно дело.