Синоќа во Скопје, на 66 годишна возраст почина професор Петар Милошевски, екс-министер за здравство во коалициската Влада 2001 година.
Тој беше афирмиран универзитетски професор и долгогодишен директор на Институтот за фармакологија и токсикологија при Медицинскиот факултет на УКИМ. Погребот на проф. Милошeвски е во понеделник на Градските гробишта во Бутел.