Македонија

Почина Елпида Паковска, балерина од првата генерација на македонскиот балет

Почина Елпида Паковска, балерина од првата генерација на македонскиот балет

Во 78 година од животот почина Елпида Паковска, балерина од Првата генерација на Македонскиот балет, известија од МОБ.

Таа е дел од онаа славна ентузијастичка генерација на балетски уметници, која ги постави темелите на танцовата уметност во Македонија.

Елпида Паковска зазема почесно место во Македонскиот балет. Ќе биде запаметена и како човек и како голем уметник, по нејзиниот „Црн Лебед“ на Чајковски, по „Заспаната убавица“, „Жизел“, Јулија, во „Ромео и Јулија“, Шпањолка во „Болеро“, по трите улоги: Билјана, Бисерка и Бугарка во „Охридска легенда“ , Половецка девојка во „Половецки логор“, „Рајмонда“, но и како репетитор во балетските претстави: „Жизел“, „Легенда за љубовта“ и „Мирандолина“.

Погребот на Елпида Паковска ќе се изврши утре во 11.30 часот, а телото ќе биде изложено во капелата на градските гробишта Бутел, од 10.30 до 11.30 часот. В среда во Фоајето на Македонската опера и Балет со почеток во 11 часот, ќе се одржи комеморација по повод смртта на Елпида Паковска.