Почина Фидел Кастро?

На социјалните мрежи се појавија гласини дека поранешниот кубански лидер Фидел Кастро починал, но веста нема потврда на Куба.

Новиот бран на гласини кој нема потврда на Куба, се појави откако Кастро не се огласи по договорот за воспоставување дипломатски односи меѓу САД и Куба, постигнат на 17 деември.

Агенцијата АП јавува дека на Куба нема никакви знаци дека се подготвува ден на жалост за поранешниот кубански лидер, па гласините за неговата наводна смрт треба да се земат со резерва.