Почина Фриц Здунек, поранешниот тренер на браќата Кличко

Поранешниот тренер на браќата Кличко и еден од најзаслужните за нивните успешни кариери, Фриц Здунек, почина на 67-годишна возраст.

Здунек, кој беше поранешен источногермански боксер и тренер, починал како последица на срцев удар.

Браќата Владимир и Виталиј Кличко во заедничкото соопштение до јавноста истакнаа дека Здунек е една од најважните личности во нивниот живот и дека неговата смрт ја доживуваат како лична и огромна загуба.

Инаку, Фриц Здунек е роден во 1947-ма година и беше еден од најславните и најуспешните боксерски тренери во историјата.