Почина холивудскиот актер Џејмс Гарнер

Актерот Џејмс Гарнер почина во 87-та година од својот живот. Американските медиуми  јавуваат дека глумецот веќе бил мртов кога синоќа  била повикана Брза помош  во неговиот стан во Лос Анџелес. Причината за смртта се’ уште не е позната.

Гарнер бил роден во 1928 година и е еден од првите холивудски глумци кој имал успешна кариера на филмското платно.

Врвот на својата филмска кариера ја доживеал во шеесетите години, а во 1963 година глумел во хитот “The Great Escape” заедно со Стив Меквин.

garner (1)