Почина и четвртото момче повредено во несреќата кај Куманово

Почина момчето кое во тешка состојба беше донесено на скопските клиники, по сообраќајката во близина на Куманово, при која на лице место починаа три момчиња.

Момчињата со своето „бмв“ излетале од надвозникот кај „Бедињски Мост“ во близина на бензинската пумпа на Макпетрол најверојатно поради неприлагодена брзина и со возилото паднале на коловозната лента на автопатот кој води од Скопје и Куманово кон граничниот премин Табановце.

nesreka1

По несреќата на автопатот се преврте и цистерна. Возачот на цистерната најверојатно се обидел да го избегне автомобилот во кој биле момчињата, при што го превртел камионот кој излетал на спротивната лента која води кон Скопје.

Фото: Фејсбук/Ѕид на сообраќајниот срам

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.