Почина и возачот од сообраќајката кај Штип

Радовишанецот кој управувал со автомобилот „Форд ескорт“ и покрај обидите на лекарите да го спасат им подлегнал на тешките повреди, дознава Курир.

Полицијата превзема мерки за утврдување на неговиот идентитет, бидејќи возачот на „Фордот“ во себе немал никакви документи.

Сообраќајната несреќа се случи утринава на магистралниот пат Штип-Радовиш кога автомобилот излетал од патот. Во несреќата на лице место животот го загуби сопатникот 54-годишниот Иле Б. од Радовиш.

Полициски екипи изршија увид на местото на несреќа.