Магазин

Почина легендарниот Дедо Мраз на Кока Кола

Почина легендарниот Дедо Мраз на Кока Кола

Популарниот Дедо Мраз од рекламата на Кока – Кола, Џон Мур, кој со години го будеше божиќното расположение кај обожавателите на овој рекламен спот, почина на 86 години.

Погребот на познатиот дедо ќе се случи денес во Сасекс, каде што тој настапи во своето црвено одело и црни чизми, безброј пати на разни хуманитарни настани.

Инаку, кога не го глумел Дедо Мраз, Мур работел како таксист или келнер.

Неговиот заштитен знак, белата брада и неодоливата насмевка, го инспирираа производителот на сокови да го земе неговиот лик за во реклама.

Од оваа компанија упатија длабоко сочувство по повод смртта на омилениот дедо, до неговото семејство.

Во интервју кое го даде во 2011 година за „Financial Times“, Мур делеше совети како да се биде совршен Дедо Мраз.

– Една од најважните работи е да создадете магична врска со децата. Вие сте тука да бидете магични и мистични. Морате да бидете единство на љубовта и се што е најдобро во човековата природа.

Голем број негови обожаватели споделија пораки со сочувство до омилениот Дедо Мраз.

– Бев убеден дека тој е вистинскиот Дедо Мраз, е еден од коментарите.