Магазин

Почина легендарниот Џо Кокер

Почина легендарниот Џо Кокер

Легендарниот музичар Џо Кокер почина денеска во 70-та година од животот, јави Би-Би-Си, потсетувајќи дека тој веќе подолго време боледува од рак на белите дробови.

Портпаролот на Кокер, Бери Маршал во изјава за Би-Би-Си нагласи дека музичата легенда „едноставно бил негов единствен пријател“.

– Ништо не ќе може да ја пополни празнината што во нашите срца ја остави неговото заминување, истакна Маршал, без притоа да прецизира дали канцерот бил причина за смртта на Кокер.

Џо Роберт Кокер е роден на 20 мај 1944 година во англискиот град Шефилд. За пошироката јавност стана познат со преработката на песната „With A Little Help From My Friends“ на „Битлси“, а неговата популарност порасна по бројните хитови како „You Are So Beautiful“ и „Up Where We Belong“. Неговата музичка кариера траеше повеќе од четири децении.