Свет

Почина легендарниот конструктор на оружје, Михаил Калашников

Почина легендарниот конструктор на оружје, Михаил Калашников

На 97-годишна возраст почина легендарниот Михаил Калашников, руски конструктор на оружје и пронаоѓачот на легендарната пушка АК-47, попозната како „калашников“, пренесе „РИА Новости“.

Калашников, кој во последните неколку години боледувал од проблеми со срцето, од 17 ноември бил на интензивна нега во Ижевск – каде што се наоѓа фабриката што ја произведува истоимената пушка. Официјалната причина за смртта ќе биде соопштена по задолжителната обдукција.

Поголем дел од својот живот Калашников беше почитуван како неоспорен херој, пишува „Раша тудеј“.

Автоматот „калашников“ во официјална употреба е во повеќе од 100 држави во светот, а неговиот конструктор е единствената личност која е истовремено одликувана со признанието Херој на Русија и два пати со признанието Херој на социјалистичката работа.