Македонија,Крими хроника

Почина македонски сликар Милош Коџоман

Почина  македонски сликар Милош Коџоман

По кратко боледување синоќа почина истакнатиот македонско сликар Милош Коџоман. Тој е роден 1952 година во Скопје.

Има реализирано 20-тина самостојни изложби низ Македонија и во многу светски центри како што се Виена, Париз, Њујорк и тн. Учесник е на повеќе групни изложби од кои дел се организирани од Друштвото на ликовни уметници на Македонија во кое членува од 1973 година.

Милош Коџоман во 2008 година ја добил престижната државна награда “23 Октомври”, највисоко признание за долгогодишни остварувања за Македонија во областа на културата и уметноста.
Делата на уметникот се дел од значајни колекции во Македонија и странство.

Ликовниот израз, ангажираноста и ставот кој го Коџоман е непоколеблив, автентичен и како такво неговото творештво остава длабок печат во македонската современа уметност.

ko