Почина млад српски фудбалер

27-годишниот фудбалер од Србија, Ненад Стојковиќ почина во тешка сообраќајна несреќа близу Крушевац.

Тој изгубил контрола врз автомобилот и излетал од патот, па во другата лента удрил во автобус. Фудбалерот почина на лице место, а повредени се и тројца патници од автобусот.

Пред дваесет години, на истото место починал неговиот татко. Стојковиќ бил одличен фудбалер, добар другар и скромно момче.