Почина највисокиот човек на светот

Украинецот Леонид Стадник, највисокиот човек на светот починал во неделата. Причина за неговата смрт се компликациите предизвикани од нарушување поради кое тој не престанал да расте.

Четириесет и четиригодишниот џин бил висок 2.60 метри поради тироидната жлезда која продолжила да лачи хормони за раст во текот на целиот негов живот.

Украинските медиуми наведуваат дека Стадник починал во неделата по излив на крв во мозокот. Во 2007 година кога беше висок 2,56 метри од Гинисовата книга на рекорди беше прогласен за највисок човек на светот. Но, бидејќи одбивал луѓето на оваа организација да го измерат, морал титулата да му ја врати на Кинезот Бао Сишун кој бил висок 2,36 метри.

Во Гинисовата книга на рекорди највисок човек во историјата е запишан Американецот Роберт Першинг Ведлоу кој бил висок 2,72 метри. Тој почина во 1940 година во својата 22 година од животот.